• blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
    • Дали депилацијата со восок предизвикува кожата да ослабне?
    blank

    Не, нема научни докази кои го потврдуваат ова мислење. Главни причинители за губење на еластичноста и ослабување на кожата се надворешни фактори и тоа прекумерно пушење, недостаток на витамини, директно и долготрајно изложување на сонце, потхранетост и генетски предиспозиции.

    • Ако употребувам восок на места каде никогаш претходно не сум, дали на тие места влакната ќе станат појаки?

    Не, депилацијата со восок нема такви нуспојави. Користењето на восок или креми за отстранување на влакна на местата кои досега не биле депилирани, ниту ги зајакнува ниту ги згуснува влакната.

    • Дали користењето на крема со анестетик пред употреба на восокот ја ублажува болката во тек на депилацијата?
    blank

    Да, Овој вид на производи имаат ефект на локален анестетик кои ја анестезира површината на кожата и така ги намалува или елиминира болката и изгорениците. Како и да е, овие производи треба да се земаат под контрола на лекар, како и другите лекови. Нивната употреба е ризична и може да има штетни влијанија доколку се употребуваат надвор од нивната главна цел или во прекумерна доза.

    Како би одбегнале ризик, препорачуваме да се употребуваат ''Pain-less'' пред депилациските марамици, кои ја имаат истата функција но се со природни состојки.

    • Дали редовното користење на восок на база на природни масла предизвикува губиток на влакната после некое време?

    Не, не е возможно трајно да се отстранат несаканите влакна со редовна депилација. Но восокот на база на природни масла не содржи елементи за потхранување на влакната и шеќери, па со редовна употреба брзината на растење на влакната се намалува и при тоа може да се депилирате поретко.

    • Која е причината за модринки и црвенила после депилација?

    Ова се очекува кај секого што се депилира, иако овој проблем се одбегнува со редовно депилирање.

    Најпрво да напоменеме дека причината за модринки и црвенила е иритацијата која восокот ја прави на коренот на влакното.

    Во случаи кога восокот не се користи на правилен начин, можете да добиете модринки и црвенило, и да почувствувате болка при депилирање. Постојат две тесно поврзани работи за кои мора да водите грижа при депилирање без иритација на коренот на влакната:

    blank blank

    Нанесете го и раширете го восокот во правец на раст на влакната.

    Повлечете го восокот или лентата со восокво спротивен правец од растот на влакната  во еден брз потег.

    Доколку не сте внимателни во текот на нанесување на восокот и правецот на повлекување на лентата, капиларите на коренот на влакната може да прснат и да крварат а со тоа да предизвикаат модринки и црвенило на кожата.

    Нанесување во погрешна насока како и нанесување двапати на исто место може да предизвика модринки и црвенило, затоа одбегнувајте го тоа. Исто така восоци со високи кисели вредности и произведени од суровини кои не се соодветни за депилација може да предизвикаат модринки и црвенило.

    • Зошто чувствуваме болка при депилација?
    blank

    Тоа е најважнот проблем со кој се соочуваме при депилирање... Болка... Накратко, причините се следни: Депилирањето е процес во кој со восокот ги фаќаме, лепиме и вадиме влакната надвор од кожата. Како што може да видите, човековото влакно е директно поврзано со циркулаторниот систем со вените, и со централниот нервен систем со малите нервни завршетоци. Кога ќе се отстрани влакното, нервниот завршеток поврзан со коренот од влакното се одвојува од коренот и праќа сигнал на болка во мозокот, што предизвикува да почувствуваме болка.

    Бричевите, кремите за отстранување на влакна и пените како и други слични методи не ги отстрануваат влакната од корен, со што не предизвикуваат болка. Меѓутоа , тие немаат долготрајни и ефикасни резултати како депилацијата.

    • Восок на база на природни масла или топол восок?

    Главната разлика помеѓу восокот на база на природни масла и топлиот восок е нивниот состав. Топлиот восок се состои од шеќер, додека другиот восок е изграден од смола. Бидејќи липосолубилниот восок не содржи материи кои го хранат коренот на влакното, негова редовна употреба го намалува растот на влакната како и интервалот помеѓу две депилации. Исто така, смолата има поголема лепливост од шеќерот, со тоа липосолубилниот восок е поефикасен и не остава непријатно чувство после депилацијата, како восоците со шеќер.

    • Дали Вашиот восок ги отстранува сите влакненца одеднаш?

    Овој распространет проблем произлегува од погрешна употреба на восокот. Ако ги следите чекорите како што се напишани во нашите упатства, ќе се уверите дека влакната се отстрануваат во еден потег.

    blank blank

    Бидете сигурни дека кожата Ви е сува и чиста.
    Восокот одржете го во течна и оптимална температура.
    Нанесете го восокот во правец на раст на влакната, и не оставајте простор помеѓу.
    Погрижете се да биде цврсто залепен на кожата.
    Повлечете го восокот со еден потег, во спротивен правец од растот на влакната.

    Доколку не ги следите правилата за правецот за нанесување на восокот и правецот на повлекување на лентите, може да не ги отстраните сите влакна одеднаш. Исто така кога коренот на влакното излегува од кожата , капиларите околу него може да прснат и да предизвикаат оштетување. При тоа можно е да имате модринки и црвенило на кожата.

    • Го користев „ Retouch Pen“ и неуспеав да ги отстранам сите влакна од лицето, што треба да направам?

    Доколку не го земете во предвид долу наведеното, може нема да ги добиете посакуваните резултати од производот.

    blank

    Нанесете тенок слој од восокот. Доколку нанесете голема количина на пределот и очекувате подобри резултати, се случува токму спротивното од тоа, се намалува ефикасноста и потешко се отстрануваат влакната. Така станува потешко да се отстранат влакната од третираното подрачје.

    Бидете многу внимателни во врска со правецот на нанесување и повлекување на восокот. Ако не сте го нанеле восокот со врвот од апликаторот во правец на раст на влакната, ќе биде се потешко да се отстранат влакната. Доколку со врвот на апликаторот не сте го повлекле восокот во правец на растот на влакната,, ќе биде потешко да се отстранат влакната.

    Бидете сигурни дека ја поставувате и повлекувате лентата во правилна насока. Доколку не ја залепите лентата Бидете сигурни дека ја поставувате и повлекувате лентата во правилна насока. Доколку не ја залепите лентата Бидете сигурни дека ја поставувате и повлекувате лентата во правилна насока. Доколку не ја залепите лентата iво спротивен правец од раст на влакната, ќе биде потешко да се отстранат сите влакна во соодветната регија.

    Земете во предвид дека минималната должина на влакната треба да биде 1,5мм во пределот на апликација. Доколку Вашите влакна се прекратки, восокот нема да може правилно да се залепи на нив, а со тоа и депилацијата нема да биде ефикасна.

    • Пакувањето на производот се стопи во микробранова печка во текот на загревањето, што треба да направам?
    blank

    Оптималната топлина на восокот е 50-54⁰С. Пакувањата на нашите производи кои можат да се загреваат во микробранова печка се произведуваат од сировина која може без проблем да издржи до 150°C.

    Доколку пакувањето се растопи а восокот се истури во Вашата печка, причина е дека сте ја загреале повеќе од 150°C. Внимателно прочитајте ги упатствата за загревање и оптимална топлина на производот. Исто така, проверете го капакот на производот дали е затворен во микробрановата печка.

    Печката можете да ја исчистите со масло за јадење како што е сончогледово, маслиново или бебешко масло.

    • Што е липосолубилен восок?

    Технички, восокот е лепило кое се лепи за влакната. Тоа помага да се извлечат(механички) влакната надвор кои ги држи како да се замрзнати и да се отстранат влакната од корен.

    Липосолубилниот восок е восок произведен од смола наместо шеќери и други хемикалии. Овие восоци се природни бидејќи се произведуваат со помош на смолата од стеблото и не ги негуваат и хранат влакната бидејќи не содржат шеќер.

    • Дали восокот предизвикува појава на поткожни влакна?

    Ако производот не се употребува правилно, можете да се соочите со наведениот проблем. Нанесете го восокот во правец на раст на влакната и повлечете ја лентата во спротивен правец. Ако не обрнете внимание на овие детали, може да дојде до појава на поткожни влакна.

    • Модринки на кожата после депилација, зошто?

    Причината за модринки на Вашата кожа е крварењето кое се јавува околу коренот на влакната, под кожата при пукање на капиларите. Крварењето може да се јави кај осетлива кожа или при погрешна примена, ако не сте внимавале на правецот на отстранување на влакната или сте употребиле восок на иста површина повеќе пати.

    Препорачуваме да одбегнувате погрешна апликација и користете ги ''Pain-less'' пред депилациските марамици со анестетик од природни масла кои спречуваат појава на модринки.

    • Во кои делови не треба да се употребува восок?

    Никогаш не треба да се користи на површини на кожата кои се повредени, изгореници ,излупена и иритирана кожа, околу брадавици ,аналниот, перианалниот предел, егзема, репродуктивни органи..

    • Како може да се исчисти липосолубилниот восок?

    Смолата не се топи во вода, со што неможе да се исчисти со вода. Восокот од Вашата кожа или било која површина можете лесно да го исчистите со било кое масло. Ако го чистите восокот од кожата, бидете сигурни дека маслото не штети на Вашето тело и не го храни коренот на влакното.

    • На кои делови од телото може да користам восок?
    blank

    Ви препорачуваме да ги употребувате Smart Roll-on System производите на големи површини како што се раце, нозе, стомак. Доколку имате многу осетлива кожа, Ви ги препорачуваме производите од Gelly Wax Roll on гел восоци кои се понежни и можат да се исчистат со вода.

    Пределот под пазувите е мал ама погоден за користење на Smart Wax Roll-on липосолубилниот восок или Cold Wax Strips Maxi 52CT кои имаат посебно дизајнирани ленти за лесно фаќање во овој предел. Доколу сакате попријатна и ефективна метода за овој предел, Ви советуваме да го користите производот Brazilian Bikini кој се употребува без ленти, се стврднува самостојно и ги отстранува и најкратките влакна. Тој се лепи за влакната наместо за кожата и предизвикува помалку иритација на кожата во споредба со другите производи. За припрема пред депилација можете да ги употребите ''Pain-less'' пред депилациските марамици кои значително ќе ја намалат болката под пазувите.

    Со оглед на горенаведените предности, со доверба можете да го употребувате Brazilian Bikini восокот на бикини зоната. Дури можете да правите и облик при депилирањето со шаблоните кои ги има. Исто така можете да употребувате и Cold Wax Strips Maxi Kit 52 CT посебно дизајниран за овој предел. Можете да го употребите и Retouch Pen производот, за мали површини, обликување и завршни задачи во овој дел од Вашето тело.

    Со оглед на горенаведените предности, со доверба можете да го употребувате Brazilian Bikini восокот на бикини зоната. Дури можете да правите и облик при депилирањето со шаблоните кои ги има. Исто така можете да употребувате и Cold Wax Strips Maxi Kit 52 CT посебно дизајниран за овој предел. Можете да го употребите и Retouch Pen производот, за мали површини, обликување и завршни задачи во овој дел од Вашето тело. Исто така може да постигнете ефикасни резултати во пределот на усните и лицето. Multi Action е уште еден производ кој што Ви овозможува да ги отстраните влакната од лицето без никакви иритации и црвенила благодарение на својата осетлива формула. Можете да го користите во пределот на усните, во предел на веѓите, а со тространата шпатула која има посебни продолжетоци, може да го користите за внатрешноста на увото, носот, лицето без употреба на ленти.

    • Дали е дозволено сончање после депилација со восок?

    После депилација, Вашата кожа е осетлива, порите се отворени, така што УВ зраците може да бидат штетни за Вас. Препорачуваме да одбегнувате сончеви зраци 24 часа после депилација. И да не употребувате производи за нега на кожа кои имаат алкохол и абразиви.

    • Како да знам кога восокот е доволно загреан?
    blank

    Ако восокот не е доволно загреан, нема да можете да го залепите бидејќи е тврд. Ако е премногу топол може да добиете изгореници, ќе биде тенок и неефикасен. За да се одбегнат овие проблеми, препорачуваме да употребувате Roll-on систем и Smart Wax Roll-on производи кои ја менуваат бојата кога ја имаат постигнато оптималната температура.

    Благодарение на овие производи, восокот ќе ја промени бојата кога е спремен за употреба. Кога ќе се олади се враќа во првобитната состојба со што треба повторно да се загрее.

    • Дали сум алергична/ен на восок?

    Иако се ретки, некои луѓе се алергични на смола која е природна сировина на восокот, а екстрактите кои се користат во производите може да предизвикаат реакција како акни, црвенило итн. За да се одбегне можна реакција, ден пред употреба потребно е да направите тест за алергија на мала површина од Вашето тело како што е наведено во упатството за употреба, кое можете да го најдете во пакетот на производот.

Совети

© REMOVE е бранд на TredA. 2016⎪www.tredafmcg.com