• blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank
  • blank

Brazilian Bikini
Бразилски Бикини Восок Дизајниран за Интимниот Предел


Безболно! Практична и забавна метода за депилација на интимните делови.

Бразилскиот бикини восок е екслузивно дизајниран за интимниот предел, со нежна формула и практична примена.

Вклучува 4 различни шаблони за бикини зоната и шпатула за обликување, и восок кој може да се загрева во сите видови на печки. Remove Brazilian Bikini ќе ве направи среќни и сигурни.

blank 4 x шаблони за депилација за бикини зона

 

  • Восок на база на природни масла за интимен предел
  • Се стврдува на кожата
  • Без употреба на ленти
  • Се загрева во секоја печка.
  • Од природен пчелин восок.
  • Не содржи росин ресин, парабени, минерални масла и шеќери.
  • Дерматолошки тестирано.
  • 1 Кутија со Восок 80 мл
  • 4 Различни шаблони
  • 4 Pain-less пред депилациски марамици
  • 1 Сензитивна шпатула за обликувањеa
  • 2 Широки шпатули
  • 4 Марамици за после депилација
  • 1 Упатство за употреба

Припрема:

Обична печка:Доколку го загревате производот во нормална куќна печка, загрејте ја печката на 100⁰С откако ќе го ставите производот во неа. Водете сметка да не ја загреете печката преку 100⁰С затоа што пластичната кутија со восокот може да се загрева само до 100⁰С . Препорачуваме да употребувате стаклен сад или чинија како би се спречило излевање во печката и горење на раката.

Предупредување: Не го ставајте производот во веќе загреана печка. Откако ке го ставите восокот во печка, вклучете ја да грее. Водете сметка да не ја загреете печката преку 100⁰С. Кога восокот ќе се растопи до густина на мед, спремен е за употреба.

Микробранова печка: Ако сакате да го загреете воскот во микробранова печка, наместете ја (мах на 600W) и загревајте 6 минути. Доколку нема подесување на силата, се иде на највисоко ниво и загревајте 3 минути. Ако восокот не е течен, продолжете со загревањето во интервали од 1 мин., додека не настане густина на восок. Восокот не смее да биде потопол од 54⁰. Доколку во пакувањето останало помалку од пола од количината на восокот од првата употреба, загревајте го максимум 2 минути.

Топла вода:Ако сакате да го загреете восокот во топла вода, ставете го во неа, така што да не преминува преку содржината на производот и загревајте додека не биде со густина како мед.

Во секој процес на загревање, чувајте ја амбалажата затворена. Не фаќајте го производот без заштитни ракавици како би се заштитиле од изгореници.

Употреба:

blank Промешајте ја содржината со шпатула пред употреба. Секогаш тестирајте ја топлината на восокот на мал дел од кожата пред нанесување.
blankНанесете восок на влакната во дебел слој, во правец на раст на влакната и почекајте 45 секунди за да се зацврсти.
blank Повлечете ги рабовите на зацврстениот восок со ноктите да може да се држи со прстите. Фатете го восокот со прстите и потегнете го во еден потег во спротивен правец од растот на влакната. Не дозволувајте восокот да биде подолго од 1 минута на кожата. Во спротивно може да стане кршлив во текот на влечењето. Исчистете го депилираното подрачје со марамиците за после депилирање, како би го отстраниле остатокот од восок на Вашата кожа.

* За да го добиете посакуваниот облик во подрачјето на бикини зоната, пред нанесување на восокот, поставете го посакуваниот облик и нанесете го восокот на него.
blank
4 x Шаблони за депилација на Бикини зоната
blank
  • Под пазуви
  • Бикини зона
  • Времето потребно за загревање на производот во микробрановата печка зависи од јачината на печката.
  • Ако загревате во микробранова или нормална печка, бидете покрај печката.
  • Не користете го производот за време на менструација или во предменструален период на интимните делови.
  • Пред употреба секогаш проверете ја топлината и состојбата на восокот. Доколку Вашата кожа има изгореници после употреба на восокот, држете ладна вода на тоа место 3 минути. Ако остане изгореница, итно јавете се на лекар.
  • Немојте да го чувате производот на кожа повеќе од 1 минута, затоа што ќе се стврдне. Може да се скине кога ќе се извлекува или да остави остатоци од восокот кои можат да се отстранат со марамиците за после депилирање.
  • Не ставајте од восокот повеќе пати на исто место. Тоа може да предизвика иритација или изгореници на кожата.
  • Чувајте го производот вон дофат на деца.
  • За надворешна употреба.
  • Не голтајте го производот и избегнувајте контакт со очите. Доколку се случи, измијте со ладна вода или посетете лекар.
  • Не употребувајте го без стручен совет доколку сте имале пилинг или ласерски третман на кожата.
  • Не користете го производот на проблематични предели, како изгореници, рани и гребнатини.
  • Не е погоден за дијабетичари, трудници и ретиноидни личности.
  • Избегнувајте изложување на сонце и употреба на крема и козметички преоизводи 12 часа после депилација.

НАШИ ПРОИЗВОДИ

© REMOVE е бранд на TredA. 2016⎪www.tredafmcg.com